Затворена пица
1. Квасецот се става во топлото млеко да нарасне
2. Брашното и сите останати состојки се ставаат во сад, се додава стасаниот квасец и се замесува тесто
3. Тестото без да нарасне се дели на 12 топчиња и од нив веднаш се расукуваат мали корички - отприлика околу 15 см дијаметар
4. Секоја коричка се премачкува со кечап и врз него се става малку оригано и ситно сецкана чајна колбасица и млечен кашкавал
5. Пиците се затвараат и на краевите се притискаат малку да се прилепат со мало лажиче
6. Се премачкуваат со малку сенф разматен со малку масло за јадење и се наросуваат со сусам и афион
7. Се оставаат околу 20-30 мин да нараснат и потоа се печат во загреана рерна на 180 С
8. Може во филот да се додаде и печурки, но кај мене децата не ги сакаат па ги избегнав
Лиценца: Сите права се задржани