Затворена пица

Состојки
- За тестото
 - 600 гр брашно
 - 100 мл млеко
 - 100 мл кисело млеко
 - 50 мл масло за јадење
 - 1 коцка квасец
 - 1 лажиче сол
 - 1/2 лажиче шеќер
 - неколку капки оцет
 - малку топла вода (за замесување)
 - За филот
 - малку ( по потреба) кечап
 - малку оригано
 - 100 гр чајна колбасица
 - 100 гр кашкавал млечен
 - За премачкување и наросување на пиците
 - 1 лажиче сенф
 - 1/2 лажиче масло за јадење
 - малку сусам
 - малку афион
 
Подготовка
1. Квасецот се става во топлото млеко да нарасне
 2. Брашното и сите останати состојки се ставаат во сад, се додава стасаниот квасец и се замесува тесто
 3. Тестото без да нарасне се дели на 12 топчиња и од нив веднаш се расукуваат мали корички - отприлика околу 15 см дијаметар
 4. Секоја коричка се премачкува со кечап и врз него се става малку оригано и ситно сецкана чајна колбасица и млечен кашкавал
 5. Пиците се затвараат и на краевите се притискаат малку да се прилепат со мало лажиче
 6. Се премачкуваат со малку сенф разматен со малку масло за јадење и се наросуваат со сусам и афион
 7. Се оставаат околу 20-30 мин да нараснат и потоа се печат во загреана рерна на 180 С
 8. Може во филот да се додаде и печурки, но кај мене децата не ги сакаат па ги избегнав