21
мај
2012
Затворена пица
Од наведените состојки се меси тесто. Се остава да стаса. Во мегувреме се прави филот. Кашкавалот и шунката се рендат, печурките се сецкат. Во поголем сад се стават сите заедно им се додава кечапот и зачинот за пица.
Кога тестото ќе стаса се прават поголеми топчиња, секое топче се сука во круг, се става од филот на едната половина и со другата се покрива. Краевите се притискаат со вилушка да се затворат убаво пиците. Се редат во подмачкан плех се мачкат со разматено јајце и се попрскуваат со сусам. Се оставаат да отстојат во плехот уште малку, па се печат на 200 степени .
Лиценца: Сите права се задржани