Жербо торта
1. Тесто- Белките ги матиме заедно со шеќерот во цврст снег. Ги додаваме мелените ореви и брашното, нежно мешаме со лажица. Смесата ја ставаме во плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Правиме 2 исти теста. Од двете теста сечеме по еднаква една третина, со цел да добиеме 3 теста .
2. Карамел- шеќерот го ставаме во длабок сад на тивок оган. Постојано мешаме додека да се растопи. Го додаваме путерот, мешаме да се растопи и веднаш премачкуваме врз корите во тенок слој. Доколку карамелот се здрви и тешко се премачкува, го растопуваме повторно на тивок оган. Оставаме да се здрви карамелот и со нож на повеќе места го распукуваме.
3. Чоколаден фил- Двата вида чоколадо ги кршиме на коцки, го додаваме маслото и над пареа или во микробранова го ставаме садот да се стопат чоколадите. Со растопеното чоколадо ги премачкуваме корите тесто. Оставаме да се здрви.
4. Бел фил- Во сад над пареа ги ставаме жолчките, ги матиме со миксер и го додаваме шеќерот во прав. Матиме непрекинато додека да се згуснат. Во друг сад со миксер го матиме путерот. Во него ги додаваме жолчките, матиме да се соединат.
5. Во табла каде што ќе ја составуваме тортата го ставаме првото тесто, ставаме од белиот фил, премачкуваме. Потоа го ставаме тестото кое ни е составено од два дела кои ги пресековме од тестата. Повторно мачкаме од белиот фил и го ставаме врз него последното тесто, со преостанатиот бел фил ја премачкуваме целата торта.
6. Чоколаден прелив- Двата вида чоколадо ги кршиме на коцки, го додаваме путерот и над пареа или во микробранова го ставаме садот да се стопат чоколадите. Во стопеното чоколадо го додаваме жешкото млеко, промешуваме. Тортата ја потураме со чоколадниот прелив. Врз него ставаме мелени ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
Znam deka e mnoguuuu vkusna
Ja pravev 2,3 pati
Mislam deka e vo izgubenite recepti
Ubava izvedba i kaj tebe