Кралица меѓу тортите
Се прават три кори
5 белки се матат во цврст снег. Се додава 150гр шеќер и се продолжува со матење додека смесата стане цврста. Со лажица полека се додаваат оревите и брашното. Се меша внимателно смесата и се истура врз хартија во плех. Се пече околу 25 минути на 170 степени. Се прават три вакви кори и се оставаат да се оладат.
1 фил
Шеќерот се става на рингла и се растопува на потивко со постојано мешање. Одкако ќе се растопи се додава маргаринот и веднаш со тенок нож се размачкува врз трите кори. Треба побрзо да се работи затоа што смесата брзо се здрвува. Корите се редат на маса и се мачкаат секоја посебно. Ако карамелот се здрви може да се затопли внимавајќи да не прегори.
Врз карамелот се нанесува преливот од чоколада.
Во помал сад на тивко се растопува чоколадата со маргаринот и се нанесува врз корите врз карамелот и се остава да се здрви.
3 фил
На пареа се матат жолчките убаво изматени со миксер. Постојано се меша и смесата се мати додека се згусне. Во филот се додава и сок од лимонот и одкако ќе згусне се трга настрана да се олади. Во оладениот крем се додава изматениот маргарин со шеќерот, убаво се соединува и филот се нанесува врз корите.
Значи, одкако ќе се здрви преливот од чоколада, една кора се става во чинија за торта и се нанесува третина од филот. Врз неа се става втора кора, фил и третата кора на исти начин. Тортата се премачкува со филот одстрана и одозгора и се декорира по вкус. Најубаво е со истолчен грилијаж или мелени ореви.
Рецептов е малку подолг, но оваа торта го заслужува тоа. Во филот не го изоставајте лимонот затоа што одлично се спојува со жолчките. Најубаво е да одстои еден ден, а потоа да се сече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани