Жербо торта (на мој начин)
Подготовка на корите
1. Белките се матат со шеќерот, се исклучува миксерот и се додаваат мелените ореви. Се промешува за да се соединат состојките со дрвена лажица
2. Во плех со димензии 23х33 се става хартија за пешење и врз неа се распостилаат сечканите ореви, па врз нив се става смесата од белки
3. Се пече околу 12-13 мин во загреана рерна на 200 С
4. Се подготвуваат вакви исти 3 кори
Подготовка на грилијажот
1. Шеќерот се растопува на огин
2. Додека е уште топол набрзина се нанесува врз сите 3 кори кои се свртени со сечканите ореви нагоре
Подготовка на чоколадниот прелив
1. Чоколадото со маргаринот се растопуваат на тивок огин со постојано мешање
2. Откако ќе се здрви грилијажот, врз него во тенок слој се размачкува стопеното чоколадо ( јас ставив бело чоколадо овојпат, но може и црно-по желба )
3. Се остава да се здрви и чоколадото, па врз него се филува
Подготовка на филот
1. Жолчките со шеќерот се варат на пареа (јас ги варам директно на потивок огин со брзо и непрестано мешање)
2. Откако ќе се излади кремот од жолчки и шеќер се додава претходно изматениот маргарин
3. Секоја кора полиена со грилијаж и растопено чоколадо се филува со крем од жолчки и се сложуваат една врз друга
4. Одозгора се декорира по желба....јас декорирав со тенки линии од растопено црно чоколадо и со чепкалка за заби ги влечев линиите, а од страните ставив шлаг пена од ванила
Лиценца: Сите права се задржани