Подготовка

Најпрвин го спремаме грилијашот.
Го топиме шеќерот до светла кафеава боја и ги додаваме оревите ги мешаме со растопениот шеќер и смесата ја ставаме на мрсна хартија или алуминска фолија да се стегне и олади, а потоа го мелеме грилијашот.

Белките ги матиме со постепено додавање на шеќерот во цврст снег, а потоа ги додаваме оревите и брашното.
Печеме во загреена релна на 220 степени. Матиме уште еден ваков пандишпан. Пандишпаните ги сечеме на половина вертикално да добиеме 4 дела.

800 гр од млекото загреваме со шеќерот и ванилата. Во жолчките кратко ги матиме со миксер и го додаваме брашното и млекото повторно проматуваме да се изедначи смесата и ја додаваме во зовриеното млеко вариме да добиеме густ крем во топол крем ја додаваме чоколадата и мешаме да се истопи ,оставаме да се излади кремот .
Изладениот крем го соединуваме во претходно изматен маргарин со прав шеќер.
Ја матиме слатката павлака во цврст крем од грилијашот оставаме 3-4 лажици, а остатокот го додаваме во изматената слатка павлака и промешуваме.
Филуваме кора, кремот, слатка павлака, кора и така натаму одозгор посипуваме со остатокот грилјаж .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови