
30
јун
2014
Домашни интегрални лебчиња со трици
Во подлабок сад измешајте ги пченичното, интегралното брашно и триците.
Додајте го квасецот, прстофат шеќер и сол.
Со топла вода од состојките замесете меко тесто.
Покријте го и оставете убаво да стаса.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и наредете ги на набрашнет плех.
Посипете ги со ленено семе и оставете ги да стасат уште 20-тина минути.
За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете ги лебчињата во загреаната рерна и печете околу 30 минути(зависно од рерната).
Лиценца: Сите права се задржани