Домашни интегрални лебчиња со трици

Состојки
- 300гр. пченично брашно
 - 200гр. интегрално брашно
 - 5 лажици трици
 - 1/2 коцка квасец
 - 1 лажичка сол
 - прстофат шеќер
 - по потреба топла вода(за замесување на тестото)
 - За посипување
 - по потреба ленено семе
 
Подготовка
Во подлабок сад измешајте ги пченичното, интегралното брашно и триците.
 Додајте го квасецот, прстофат шеќер и сол.
 Со топла вода од состојките замесете меко тесто.
 Покријте го и оставете убаво да стаса.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и наредете ги на набрашнет плех.
 Посипете ги со ленено семе и оставете ги да стасат уште 20-тина минути.
За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени.
 Ставете ги лебчињата во загреаната рерна и печете околу 30 минути(зависно од рерната).