
3
мај
2020
Вафли со овесни трици и цимет
Малку поинаква и поздрава варијанта на вафли. Прво ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките во снег и потоа го додаваме шеќерот и ванилата. Пак матиме, ги додаваме жолчките една по една постојано мешајки. Потоа го додаваме млекото, зејтинот,циметот, овесните трици, брашното и пецивото. Пак кратко матиме.
Смесата ја оставаме 20 минути да одстои.
Се печет во апаратче за вафли на Делимано,ама може да се печат и во тава во форма на помали палачинки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови