Грчка торта
Се матат белките со шеќерот во цврст снег, потоа со лажица се додава брашното и оревите. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека да порумени, па се намалува на 150 степени околу 20 минути да се потишти. Истата постапка се повторува и со втората кора.
Подготовка на кремот.
Од млекото се остава еден мал ден за растварање на пудингот, а во остатокот се додава шеќерот и се стави за зоврие, потоа се додава пудингот и се вари густ крем, кој се остава да олади. За кремот да не фаќа коричка можете да го покриете со најлонска фолија.
Во жолчките се додава прав шеќерот, се мати со миксер, а потоа се става на пареа да се вари со непрекинато мешање околу 15мин на умерена температура. Кога е готов кремот се остава да олади и се соединува со маргаринот. Во оваа смеса се додава и кремот со пудинг, се заеднио се соединува и се додават сецканите ореви, кршените бисквити и сецканата чоколада. Се меша се' заедно и се филува тортата, се става прво кора, поголем дел од кремот, пак кора и другиот дел од филот. Се декорира по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови