
Грицки со сирење
Пенасто се мати маргаринот, се додава ренданото сирење, жолчката, пецивото и брашното. Се замесува средно меко тесто.
Се остава да отстои 1 час на ладно, во фрижидер.
Со навлажнети раце се обликоваат топчиња. Се валкаат во благо разматена белка, па во миксот на семиња.
Се редат во намрсен плех и се печат (во претходно загреана рерна) на 200 степени додека убаво поруменат од сите страни, од 30-40 мин., зависно од рерната.
Во текот на печењето, со помош на лажица неколку пати се превртуваат, како кога се печат кикирики
Лиценца: Сите права се задржани