Грицки со сирење
Состојки
- 250гр. маргарин
- 250гр. кравјо бело сирење
- 1 пециво
- 1 жолчка (белката за премачкување одозгора)
- 300-400гр. брашно
- по потреба семки од сончоглед, тиква, лен, сусам
Подготовка
Пенасто се мати маргаринот, се додава ренданото сирење, жолчката, пецивото и брашното. Се замесува средно меко тесто.
Се остава да отстои 1 час на ладно, во фрижидер.
Со навлажнети раце се обликоваат топчиња. Се валкаат во благо разматена белка, па во миксот на семиња.
Се редат во намрсен плех и се печат (во претходно загреана рерна) на 200 степени додека убаво поруменат од сите страни, од 30-40 мин., зависно од рерната.
Во текот на печењето, со помош на лажица неколку пати се превртуваат, како кога се печат кикирики