Грилијаж бомбици
Има и посни грилијаж бомбички, но јас се одлучив за овие, а сигурно нема да изостане ниту рецептот за посните
Грилијажот
- На тивок оган се топи шеќерот, кога е веќе во карамел се додаваат јатките и веднаш се трга од огнот. Се истура врз намрснета хартија за печење или намрснет тањир. Кога ќе истине во аван се толчи.
За бомбиците
- Се става млекото и шеќерот да се варат се додека не се преполови количината. Се трга настрана од огнот и веднаш се додава ренданото чоколадо и маргаринот, се промешува да се стопи маргаринот, се додаваат оревите и бисквитите.
- Оставете да се смесата олади.
- Во оладената смеса се додава грилијажот од кој сте одвоиле еден дел за валкање на бомбиците.
- Правете бомбички од добиената смеса и валкајте ги во грилијажот кој го одвоивте.
Лиценца: Сите права се задржани