Галета по Марта Стјуарт
За подготовка на тестото путерот треба да е од фрижидер исечен на коцки од 1 цм. Во една чаша ставете вода и мраз.
Во длабок сад ставете го брашното и прстофат сол, измешајте. Додајте ги коцките студен путер и втријте ги брзо со прстите да добиете ронки како тарана. Не дозволувајте да ви се растопи путерот. Додајте 7 - 8 лажици од ледената вода и мешајте брзо со вилушка да се навлажнат ронките. Соберете го тестото во топка, само притискајки, не месете. Ако ви се гледа суво, додајте уште малку вода. Ќе ви изгледа грубо тестото, ама така треба. Ако путерот се изедначи со брашното кората нема да ви биде ровка и ронлива, ами жилава како картон. Топката сплескајте ја во мал диск, завиткајте ја во транспарентна фолија и оставете ја во фрижидер на 1 час.
Во мал сад помешајте го брашното, кафеавиот шекер, солта, нишестето, лешниците. Оставете на страна.
Овошјето исечете го на кришки дебели 1/2 - 1 цм.
Загрејте ја рерната на 200 C
На хартија за печење посипете малку брашно и малку кафеав шекер. Брашното за да не се лепи тестото, а шеќерот за да добие галетата боја и одоздола.
Ставете го тестото, покријте со друг лист хартија и брзо, да не ви се растопи путерот расукајте во големина околу 35 x 40 цм. Префрлете ја кората заедно со хартијата на плехот од шпоретот. Отстранете го горниот лист хартија. На средината на кората, оставајки слободен раб од 5 - 6 цм распоредете ја смесата со брашно. Врз него украсно наредете ги кришките овошје. Јас немав доволно сливи, па ставив пола - пола кајсии и сливи. Слободните рабови префрлете ги преку последниот ред овошје, прво подолгите, а потоа пократките страни. Овошјето посипете го со 3 лажици шекер помешани со 1 кесичка ванилин шекер.
Работ од тесто премачкајте го со течната павлака, посипете го со кафеав шекер.
Ставете да се печи во средината на рерната, околу 30 мин. или додека сокот кој ке го пушти овошјето не стане меурест, а работ добие убава златна боја.
Оставете да се олади заедно со хартијата на решетка, непокриена.
Најубава е млака, ама може и ладна од фрижидер :)
Јас малку го изменив изворниот рецепт и начинот на изработка, ама малку :)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А ова: Ако путерот се изедначи со брашното кората нема да ви биде ровка и ронлива, ами жилава како картон. ... значи да не се меси многу,т.е. да не е рамномерно и добро изедначено тестото?
Vide kakvi sliki mi pravi igrackata?
имај милост, не дека се вадам на трудност, ама па ќе треба да почнам :) :) :) :)
пффф, за тоа сум родена, да радвам :) :) :) :)
спремајте се психофизички, мини ми доаѓа во декември :) :) :) :)
E so zdravje da si go nosis :)))
Ete tetkite ovde, koj postari, koj pomladi, site ke dadat pridones :))))
Eve jas mozam sladoled od kiseli krastavicki da ti napravam :))))))))
Лудо, ќе ме направиш на старост да правам мекици ;) или ете Лилјана веќе си има рецепт за тоа. Честито и со среќа да ви е! :) Јас ќе направам некоја играчка за играње ете ;)
Maja aparatot e Canon EOS 1100D, mnogu, mnogu si go bendisav.
Ama ti kupi si dobar mobilen, barem samo tvoj ke si bidi, pa so nego ke si slikas. Poveke od pola od moite dosegasni sliki so mobilen bea slikani.
Ama mislam deka i so mobiniot super sliki ke imas, barem jas takvo iskustvo imam... Ke pokazis, ke vidime :))
женки мои, па зарем до сега не сум кажала да спремате тесто за мекици?
хм...чудно, јас се фалам одма штом дознаам. затоа сите мислат дека мојата трудност ДОЛГО трае, а не само -5-6 месеци како кај нормалниот свет :) :) :) :)
маја, младунче е толку закон што ми падна криво што среќко две цртки (така си го викаме намбр ту) не е близначе. ај....следното летенце :) :) :) :)
лили, не сум од тие инкубатори што бараат изговор за аздис. си терам како не трудно и многу ми е убаво. цел живот си мркам, а ги гледам стариве ми бројат залци и се тешат дека од вонземајните од мене било тоа. не ги лажам. во фаца им плескам дека ЈАС сум си ВЕЧНО гладна....30 години наназад :) :) :) : )
чичко/ тетке мои рецепти, еве од сега си правам нарачка за ДЕНОТ. ќе ви пишам порака на ФБ за да го пуштите рецептот и да почне славјето. ДЕКЕМВРИ! :) :) :) :)
клариште, не мора од тебе мекици, снајди се. гладни како мене не пребираат, ама глеј да е блачко. можеш да се извадиш со слатките прженици (намиг намиг) :) :) :) :)
тања, фала, фала, фала :*
Lili so sreka izborot na RD...super recepce,odlicni slikicka..sakam parcence
Ako dosega ne pievte, eve kafica:
Za LUDO prvo od veke kazani pricini, a posle za drugite :)
лили, не можам, не не не!
го читаше блогот, ми ги знаеш фрустрациите. кога бев икубатор во осми месец качена на скала кречев по дома. неколку дена пред исплукување на младунче на свет, дигав цигли. сите пиздеа, јас кулирав :) :) :) :)
A Ludvigot nas definitivno ke ima zborlesto bebuse... stom si kazuva i ne krie, (taka treba) bebusot ima da zbori i zbori...
Ludvig, mekici ke imas od mene, ic ti da ne se sekiras, samo si ja teraj rabotata i gajle si nemaj, raboti si normalno...pa neli polesno taka bilo a ne samo da lezis i cinis go matis bebusot.. odi, raboti, krevaj... sto ti tekne toa si pravi- Blagoslov i od mene Ludvig... neka e so lesno!
тенкју <3
да имавме скришно место за нас готвачите, да не може секој да гледа, ќе ви покажев некоја слика од манџава во мене :) :) :) :)