Галета по Марта Стјуарт
Состојки
- За тесто
- 2 1/2 шољи (310 гр) брашно
- прстофат сол
- 1 шоља (225 гр) студен путер
- 1/4 - 1/2 шоља (8-9 лажици) ледена вода
- За полнеж
- 1 лажица брашно
- 1 лажица нишесте
- 2 лажици кафеав шекер во кристали
- 1/2 шоља (50 гр) мелени лешници
- 700 гр црни сливи или кајсии
- 1 кесичка ванилин шекер
- 3 лажици шекер
- За премачкување и посипување
- 3-4 лажици течна павлака за готвење
- по потреба кафеав шекер во кристали
Подготовка
За подготовка на тестото путерот треба да е од фрижидер исечен на коцки од 1 цм. Во една чаша ставете вода и мраз.
Во длабок сад ставете го брашното и прстофат сол, измешајте. Додајте ги коцките студен путер и втријте ги брзо со прстите да добиете ронки како тарана. Не дозволувајте да ви се растопи путерот. Додајте 7 - 8 лажици од ледената вода и мешајте брзо со вилушка да се навлажнат ронките. Соберете го тестото во топка, само притискајки, не месете. Ако ви се гледа суво, додајте уште малку вода. Ќе ви изгледа грубо тестото, ама така треба. Ако путерот се изедначи со брашното кората нема да ви биде ровка и ронлива, ами жилава како картон. Топката сплескајте ја во мал диск, завиткајте ја во транспарентна фолија и оставете ја во фрижидер на 1 час.
Во мал сад помешајте го брашното, кафеавиот шекер, солта, нишестето, лешниците. Оставете на страна.
Овошјето исечете го на кришки дебели 1/2 - 1 цм.
Загрејте ја рерната на 200 C
На хартија за печење посипете малку брашно и малку кафеав шекер. Брашното за да не се лепи тестото, а шеќерот за да добие галетата боја и одоздола.
Ставете го тестото, покријте со друг лист хартија и брзо, да не ви се растопи путерот расукајте во големина околу 35 x 40 цм. Префрлете ја кората заедно со хартијата на плехот од шпоретот. Отстранете го горниот лист хартија. На средината на кората, оставајки слободен раб од 5 - 6 цм распоредете ја смесата со брашно. Врз него украсно наредете ги кришките овошје. Јас немав доволно сливи, па ставив пола - пола кајсии и сливи. Слободните рабови префрлете ги преку последниот ред овошје, прво подолгите, а потоа пократките страни. Овошјето посипете го со 3 лажици шекер помешани со 1 кесичка ванилин шекер.
Работ од тесто премачкајте го со течната павлака, посипете го со кафеав шекер.
Ставете да се печи во средината на рерната, околу 30 мин. или додека сокот кој ке го пушти овошјето не стане меурест, а работ добие убава златна боја.
Оставете да се олади заедно со хартијата на решетка, непокриена.
Најубава е млака, ама може и ладна од фрижидер :)
Јас малку го изменив изворниот рецепт и начинот на изработка, ама малку :)