15
фев
2020
Вљубени срциња
1. Се топи на пареа 100 гр бело чоколадо со 2 лажици масло. Во нив се додава макот.Се размешува и се полнат силиконските срциња колку да се покрие срцето(по едно лажиче). Се става во замрзнувач.
2. Се топи црното чоколадо со 2 лажици масло. Се прелева врз белото чоколадо и пак се остава да се замрзни околу 5мин.
3. На пареа се топи бела чоколада и се додава кремот се меша. Потоа се додаваат бисквитите и мелените ореви. Се промешува и се дополнуваат срцињата. Пак се враќаат во замрзнувач. Кога ќе се извадат чоколадите се дополнуваат со бело чоколадо во кое се додава боја.
ПС-Изгледа дека многу се губи време, но верувајте готови беа за 30 мин.
Лиценца: Сите права се задржани