Витаминска крем чорба
Како идеална во тековниот период ја сметам крем чорбата, прво за прочистување на организмот од празнична храна, второ ова е сезона на настинки, пробајте ја......
Во сад со вода се варат компирите, пашканатот-сечкан, керавис, праз сечкан, лук односно цел зеленчук, со исклучок на кромидот. Тој се пржи врз маслиново масло да омекни и добие само стаклест сјај. Сите сечкани зеленчуци кога се при крај на варење, на оган додаваме 1 литар вода и коцката за супа од зеленчук.
Кога зоврие и таа зеленчукот варен се цеди, се префрла во блендер, се додава од зачинетата вода и максимално се хомогенизира, притоа додавајќи го и пропржениот кромид. Внимаваме смесата да не е преретка за подобро да се исситнат сите состојки. Вака добиената кашеста смеса се излева во преостанатата вода на оган, додаваме црн пипер, нека се повари некоја минутка заедно или до густина по ваша желба. Во садот на малку подоладена чорба ставаме балсамик киселина или во секој сад одделно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови