
Витаминска десертна крема
1. Јаболката ги лупиме, ги сецкаме на парчиња и ги додаваме во тенџере со водата да се варат додека не омекнат.
 2. Откако ќе омекнат јаболката ги вадиме од водата со цеделка, ги пасираме со вилушка и повторно го додаваме во тенџерето со водата да се варат.
 3. Прашокот за пудинг, брашното од гриз и шеќерот ги мешаме со водата и сокот од портокал и ги додаваме во тенџерето со јаболките и мешаме си жица за матење додека смесата не се згусти.
 4. Топлата крема ја пасираме со блендер и ја додаваме во влажни чаши.
 5. Декорираме со чоколадо и амарети кои според мене преубаво се спојуват со кремата, наросуваме со малку канела и шеќер во прав.
 6. Пред послужување подобро е кремата да помине 3 часа во фрижедер.
  
Лиценца: Сите права се задржани


























