Испечати

Витаминска десертна крема

Витаминска десертна крема

Состојки

  • 1л. вода за јаболката
  • 1 портокал
  • 4 јаболка
  • 200гр. брашно од гриз
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 300мл. вода за пудинг
  • 15 лажици шеќер
  • За декорација
  • 50гр. чоколадни капки или сечкано цоколадо
  • 50гр. амарети кекси
  • малку цимет и шеќер во прав

Подготовка

1. Јаболката ги лупиме, ги сецкаме на парчиња и ги додаваме во тенџере со водата да се варат додека не омекнат.
2. Откако ќе омекнат јаболката ги вадиме од водата со цеделка, ги пасираме со вилушка и повторно го додаваме во тенџерето со водата да се варат.
3. Прашокот за пудинг, брашното од гриз и шеќерот ги мешаме со водата и сокот од портокал и ги додаваме во тенџерето со јаболките и мешаме си жица за матење додека смесата не се згусти.
4. Топлата крема ја пасираме со блендер и ја додаваме во влажни чаши.
5. Декорираме со чоколадо и амарети кои според мене преубаво се спојуват со кремата, наросуваме со малку канела и шеќер во прав.
6. Пред послужување подобро е кремата да помине 3 часа во фрижедер.