Викенд тава (тиквички и пилешко)
Можеби списокот на состојки е долг ама затоа пак ова јадење е толку лесно и вкусно.
Како и најчесто што практикувам тиквичките се печени на скара, но за тоа претходно треба да се исечат на долги траки дебели 4-5 мм. и се премачкуваат со масло, се роси сув зачини се ставаат на печење.
За тоа време во водата во која сме додале коцка за супа ги ставаме долгите батаци да се сварат, за 35-40 мин.се готови. Водата во која се вареа ја употребуваме подоцна за бешамелот. Се чистат пилешките батаци од кожа и коски, па се кинат на парчиња.
Во друг сад го припремаме бешамелот од наведените состојки прво се топи путерот, се додава брашното да пропржи, на крај се налева млекото, па водата од она што ни преостанало кога ги варевме копаните-целосната количина течност треба да е 250мл. (125 млеко и 125.вода ) Нека прокрчка, ставаме зачини и готов ни е бешамелот. Во садот каде ни е исчистеното пилешко месо го ставаме и бешамелот и промешуваме.
Во огноотпорен сад пак, ги редиме лентите тиквкчки една до друга најдолу, врз нив ја излеваме цела бешамел-пилешко смеса, најгоре пак редиме тиквички ленти една до друга. Вака приготвената тава ја ставаме во рерна на 200 да се потпечи 15-тина мин. За крај го припремаме преливот од јајца и кисело млеко, само се матат со вилушка.Тавата ја вадиме од рерна, ја преливаме со смесата од јајца, дробиме од жолтото сирење (кашкавал), ја враќаме во рерна тој слој да се подзапечи уште 15 тина мин кога ја наросуваме пармезан по желба (незадолжително) ја уживаме сосема за крај.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
цела недела само ова можам да го јадам :) :) :) :)