Бургери од печурки
- Печурките заедно со кромидот ситно исецкајте ги во сецко да се добие фина компактна смеса. Додадете во нив маслиновото масло, зачините, белката. Додавајте лебни трошко онолку колку што е потребно да се направи смеса од која лесно ќе можете да ги формирате бургерите.
- На намрснета хартија за печење ставете ги направените бургери и лесно потпечете ги во рерна кое печење трае околу 20 мин. на температура од 180 степени..
Послужете со салата.
Напомена
- Во смесата од бургерите слободно ставете кашлавал или крем сирење.
- немам поточни мерки бидејки ова го правам од око, а сметам дека нема да ги згрешите и вие ако мерите од око...
- Денеска направив од вргањ, исто така добри и со шампињони, особено со ливадскиот - тој е голем и потребни ми се само 4 такви и завршено веќе за сите нас по дома да има.
- Печурките се користат сирови, само добро исчистени и измиени.
Лиценца: Сите права се задржани
Благодарам, мој совет е да ги правите малку подебелки, кај мене потенки оти гледав на секој да има по малкучка, - сега имаше бројност за апнување...
А за прошетките по печурки...нешто многу немили настани зачестија, па некако ептен треба да се биде екперт-печуркар и за тие основните видови....