Свинското месо и јаболките секогаш се добра комбинација. Овие бургери од свинско и јаболки се популарни на многу начини и се служат ширум светот. Тие претставуваат одлична алтернатива за оние кои сакаат да пробаат нешто поинакво и да ги поместат креативните граници на готвењето и послужувањето гости.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 500 грама мелено свинско месо (доволно за 4 бургери)
  • 1 супена лажица сечкана жалфија
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 кафени лажички лук во прав
  • 1 рендано јаболко (сосе лушпа)
  • сол и бибер
  • 1 јајце
  • 2 мали слатки компири

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење и Сет тави за пица.

Подготовка

Чекор 1: Излупете ги и исечкајте ги слатките компири – тие се слатки и меки, претставуваат одлична замена за обичните компири и можат да бидат прекрасен гарнир. Измешајте ги со масло и печете ги 20 минути.

Чекор 2: Време е да ги направиме бургерите. Изрендајте една главица црвен кромид. Ситно исечкајте ја жалфијата и потоа изрендајте го јаболкото. Оставете ја лушпата за да ни даде повеќе боја и хранливи состојки.

Чекор 3: Во голем сад измешајте ги свинското месо и сите останати состојки. Ставете малку лук во прав, 1 јајце и убаво зачинете со сол и бибер.

Измешајте ја смесата со раце. Тоа е позабавно и се чини поефикасно од останатите начини на мешање. Извадете ја смесата на даска и поделете ја на 4 парчиња. Направете ги во форма на плескавици и спремни сме за пржење.

Чекор 4: Пржете ги бургерите во малку маслиново масло. Внимавајте да не ги пржите на премногу силен оган затоа што бргу ќе бидат готови однадвор, но ќе останат живи одвнатре. А можете и да ги испечете на скара како поздрав начин на подготовка.

Чекор 5: Овде сервираме со едноставен прелив од црвен кромид. Варете го кромидот во бело вино со шеќер додека да стане леплив.

Чекор 6: Сервирајте ги бургерите во земичка со компирчиња отстрана и со слаткиот леплив мармалад од црвен кромид во земичката.

СОВЕТ: За добар домашен бургер не се потребни многу дополнителни состојки – ако ги имате потребните состојки можете да ги додадете за вкус, но понекогаш добро зачинето убаво месо е сосема доволно. Јајцето во овој рецепт помага да се врзе смесата, но обидете се да не додавате презла за јадењето да биде поздраво.