Бургери од печурки
Состојки
- 400 гр. шампињони ( врган)
- 1 поголема глава кромид
- 2 белки
- малку црвен пипер
- малку соја сос
- малку маслиново масло
- малку сецкан магданос
- на вкус сув зеленчук, бибер, сол
- спрема потребата лебни трошки
Подготовка
- Печурките заедно со кромидот ситно исецкајте ги во сецко да се добие фина компактна смеса. Додадете во нив маслиновото масло, зачините, белката. Додавајте лебни трошко онолку колку што е потребно да се направи смеса од која лесно ќе можете да ги формирате бургерите.
- На намрснета хартија за печење ставете ги направените бургери и лесно потпечете ги во рерна кое печење трае околу 20 мин. на температура од 180 степени..
Послужете со салата.
Напомена
- Во смесата од бургерите слободно ставете кашлавал или крем сирење.
- немам поточни мерки бидејки ова го правам од око, а сметам дека нема да ги згрешите и вие ако мерите од око...
- Денеска направив од вргањ, исто така добри и со шампињони, особено со ливадскиот - тој е голем и потребни ми се само 4 такви и завршено веќе за сите нас по дома да има.
- Печурките се користат сирови, само добро исчистени и измиени.