7
мар
2020
Брускети со супа од печурки, спанаќ или кечап
Од брашното квасецот солта и супата со вода се замесува тесто(супата е од кесичка и се става така директно). Се замесува тесто и се дели на 3 дела. Едниот дел останува ист, другиот дел се става спанаќ и третиот дел кечап. Се сукаат мали кори и се става стапче и се витка како ролат. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна 200С-25мин. Се оставаат да оладат, се вадат стапчињата(се ставаат да се направи дупче во средина), се сечат и се печат во рерна, но пред тоа се премачкуваат со стопен маргарин. Се допекуваат 10мин.
Лиценца: Сите права се задржани