Баш кога мислев што вкусно да подготвам за вечера, мажот ми ја предложи оваа идеја. Лесно, летно, крцкаво и вкусно.
Кога отидов да го земам апаратот, едно лепче исчезнало хихи

Лепчињата се премачкуваат со многу тенок слој од путерот. Потоа се мачкаат со сенфот и се наросуваат со зачините.
Се сечат на половина и се додаваат кашкавалот, доматчето(сечено на кругови) пиперчето, маслинчињата, се наросуваат повторно со зачини и пред печење се прскаат со маслиново масло.
Се печат на веќе загреана рингла на 200 степени, 7-10 минути.

Совршено и за фудбал со пивце.

Мх мх

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови