Брускети со грав и печурки
Во тенџере ставете го гравот, главицата кромид, главицата лук и сувите пиперки и оставете ги да се сварат.
Откако ќе се сварат извадете го гравот од водата и оставете да се подолади.
Главицата кромид испасирајте ја, од главицата лук истиснете ја внатрешноста, а сувите пиперки истолчете ги заедно со ситно сецканиот праз.
Во садот во кој ќе ги толчите пиперките и празот додајте го испасираниот кромид и подоладеноит грав.
Истолчете го и гравот, па додајте ги сецканиот домат, куркумата, сецканите ливчиња нане и ситно исецканото феферонче(за оние што не сакаат луто не мора да ставаат).
Посолете, наросете црн бибер и маслиново масло
Убаво измешајте и оставете ја смесата да отстои додека ги спремате лепчињата.
Во тава на оган ставете маслиново масло и парчињата леб.
Откако ќе станат крцкави извадете ги и додека се уште топли премачкајте ги со лукче.
Во друга тава со малку масло пропржете ги шампињоните.
Сервирајте така што на секое парче леб ставете од смесата со грав,одозгора ставете од печурките и послужете.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани