Брускети со рукола
Пред се исечете ја чијабатата на пола во хоризонтала, а потоа двете парчиња исечете ги на помали кришки. Ставете ги кришките во плех посипете ги со 2-3 лажици маслиново масло и ставете ги во релна да заруменат 5-10 минути. За тоа време измијте ја китката рукола и отстранете ги малите дршки, а доматот исечете го на парчиња и ставете го во друг плех посипете го со 2-3 лажици маслиново масло и претходно исечканите чешниња лук. Откако ќе ги извадите лепчињата од рерна прво над лепчињата ќе ги наредите листовите рукола а над руколата ќе ги ставите парчињата домат. Откако ќе завршите со редењето на доматот, по желба можете да изрендате пармезан врз лепчињата. Пријатен апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови