Брза роденденска торта 28
Мојата роденденска тортичка. Ако се најдете во ситуација да немате многу време за подготовка на роденденска торта, како во мојот случај, топло ви ја препорачувам оваа торта. Брза, сочна и многу вкусна е.
Подготовка
Изматете ги со миксер јајцата и шеќерот. Потоа, намалете ја брзината на миксерот и додавајте ги една по една останатите состојки (маслото млекото, ренданата банана, џемот и на крај просеаното брашно со пециво)
Добиената смеса ставете ја во нелеплива тава за печење или во тава обложена со хартија за печење и печите во загреана рерна на 200 степени околу 15 мин.
Пандишпанот поделете го на два дела
Слатката павлака изматете ја со миксер и поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете парченца банана и парченца ресани, во другиот дел ставете ги растопените чоколада со путерот (изладени) и изматете кратко со миксер.
Врз едниот пандишпан ставете пола од млекото за потопување. Потоа, ставете од филот со чоколада, одозгора фил со банана и ресана и одозгора поклопете со другиот дел од пандишпанот и ставете го преостанатото млеко врз пандишпанот.
Декорирајте по желба
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани
Pozz