Баба Светле е инаку мајка ми, ама поради желбата на внуците постојано да ја прави питава, ја крстивме така...по нејзе. И кога треба јас да ја направам ми викаат, на баба направи ја питата...брзата пита.

Убаво се матат јајцата. Во нив се додава млекото и зејтинот, па фино полека се става и се меша брашното, во кое сме го ставиле пецивото. Ги додаваме и мелените семиња. Смесата треба да биде погуста од смеса за палачинки ( треба да има густина како за пандишпан). Густината зависи и од квалитетот на брашното. Некое брашно е посуво, некое повлажно, така да ќе видите кога ќе ја правите, дали да додадете или одземете.
Потоа ги додаваме ситно сечканиот кашкавалот, чајната и јас овој пат ставив урда. Инаку изборот на додатоци е ваш. Ние ја правиме и со спанаќ, само со сирење или што се најде при рака од фрижидер.
Ја ставаме смесата во намрсено и набрашнето тавче, ја наросуваме со сусам и печеме на 200 степени.

Забелешка
Шољите се од 150 мл. Место млеко може да ставите јогурт или вода, или комбинација млеко и јогурт...што имате при рака, ама вака мене ми е најубава. Сол ставам ако не ми е доволно солен мастрафот што го ставам во неа. Мелените семиња и даваат посебен шмек, ама може и да ги изоставите, ние се навикнавме во се да ги ставаме. Во оваа пита имам ставено 300 гр. брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани