Брзата пита на баба Светле
Баба Светле е инаку мајка ми, ама поради желбата на внуците постојано да ја прави питава, ја крстивме така...по нејзе. И кога треба јас да ја направам ми викаат, на баба направи ја питата...брзата пита.
Убаво се матат јајцата. Во нив се додава млекото и зејтинот, па фино полека се става и се меша брашното, во кое сме го ставиле пецивото. Ги додаваме и мелените семиња. Смесата треба да биде погуста од смеса за палачинки ( треба да има густина како за пандишпан). Густината зависи и од квалитетот на брашното. Некое брашно е посуво, некое повлажно, така да ќе видите кога ќе ја правите, дали да додадете или одземете.
Потоа ги додаваме ситно сечканиот кашкавалот, чајната и јас овој пат ставив урда. Инаку изборот на додатоци е ваш. Ние ја правиме и со спанаќ, само со сирење или што се најде при рака од фрижидер.
Ја ставаме смесата во намрсено и набрашнето тавче, ја наросуваме со сусам и печеме на 200 степени.
Забелешка
Шољите се од 150 мл. Место млеко може да ставите јогурт или вода, или комбинација млеко и јогурт...што имате при рака, ама вака мене ми е најубава. Сол ставам ако не ми е доволно солен мастрафот што го ставам во неа. Мелените семиња и даваат посебен шмек, ама може и да ги изоставите, ние се навикнавме во се да ги ставаме. Во оваа пита имам ставено 300 гр. брашно.
Лиценца: Сите права се задржани
Imav eden slicen recept, no so meleno meso i bese cista petka... No go izgubiv...Ako go imas Teofanija, ili nekoj drug ako go ima javno ve molam da go objavite :)
Ubava slika :)
Лили конкретно тој рецепт со мелено го немам, но имам правено по мојот рецепт за Царска пита само место шунка и сирење, мелено месо (претходно запржено со кромид и зачини по желба).
http://moirecepti.mk/post/%D1%86%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0