Се вари појак чај од брусница, па врел се прелива преку мелените ореви помешани со мед и путер и се меси добро да се соедини.
При месењето, на повеќе наврати се додаваат мелените бисквити (исто како при месење тесто со брашно), за да се добие смеса која може да се обликува и да не се лепи на рацете.
Смесата се остава во фрижидер 20-тина минути, па потоа се обликуваат топчиња.
Топчињата се ставаат во фрижидер неколку часа, добро да се стегнат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови