Снежни бомбици во малина фил (без печење)
Брзи, превкусни и декоративни.
Подготовка
Во сад измешајте ги пудинзите со шеќерот и 50 мл млеко.
Малините изблендирајте ги и ставете ги во сад со водата да зовријат. Откако ќе зовријат, додадете пола од смесата за пудинг. Мешајте со лажица додека да згусти смесата, а потоа тргнете го садот од оган и додадете го ликерот. Промешајте
Во сад на оган сега ставете го млекото да зоврие, па додадете го пудингот и мешајте со лажица да згусти смесата. Овде додадете ги путерот, растопеното чоколадо и кокосот. Кога ќе излади смесата формирајте бомбици и валкајте ги во кокос.
Во корпички за бомбици ставајте по малку прво од малина филот па одозгора бомбиците.
На здравје
Забелешка
Овие бомбици се превкусни и во посна варијанта. Млекото може да го замените со кокосово млеко, путерот со посен маргарин и посно бело чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани