Подготовка
1. Слатката павлака и шеќерот се матат (погусто)
2. Ресаните се сечкаат на мали коцкички и се додаваат во слатката павлака.
3. Сета смеса се измешува со лажица да биде хомогена. Јас ја оставив смесата да отстои 2-3 часа да впијат ресаните од слатката павлака, а така и полесно се прават бомиците. Може и веднаш да се започне со постапката.
4. Се прават бомбици и половината од нив се валкаат во кокос, а другата половина се валкаат со мелени ореви
 Многу се брзи, едноставни и готови додека трепнеш.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани