Испечати

Бомбици со чај и мед (без печење)

Бомбици со чај и мед (без печење)

Состојки

  • 200гр мелени бискоти
  • 100гр мелени ореви
  • 250мл чај од брусница
  • 20гр маргарин/путер
  • 1 лажица мед

Подготовка

Се вари појак чај од брусница, па врел се прелива преку мелените ореви помешани со мед и путер и се меси добро да се соедини.
При месењето, на повеќе наврати се додаваат мелените бисквити (исто како при месење тесто со брашно), за да се добие смеса која може да се обликува и да не се лепи на рацете.
Смесата се остава во фрижидер 20-тина минути, па потоа се обликуваат топчиња.
Топчињата се ставаат во фрижидер неколку часа, добро да се стегнат.