Бомба бомбици
Преубави беа бомбициве, не дека јас ги фалам, туку такви комплименти добија од секој што ги проба. Морав да го запишам рецептот и конечно еве го пред вас, го споделувам. Поздрав до сите кои имаа трпение да ги напишам и објавам.
1. Во сувото грозје, малку насечкано, ставаме чашка рум, за да го ароматизираме.
2. Шеќерот и путерот убаво, пенасто, ги матиме со миксер.
3. Бисквитите и лешниците ги мелеме во сечко. Брусницата, црната и белата чоколада ги сечкаме на мали парченца.
4. Додаваме мед и какао и сите состојки ги соединуваме.
5. 50 гр од белата чоколада топиме на тивко и ја додаваме во смесата. Формираме бомбици. Ги украсуваме со чоколадни трошки и бадем листови.
Ако смесата ви е сува додадете некоја лажица млеко или сок. Сум пробала и не го менува вкусот на бомбиците.
Лиценца: Сите права се задржани