Испечати

Бомба бомбици

Бомба бомбици

Состојки

  • 125 гр шеќер во прав
  • 125 гр путер
  • 125 гр бисквити
  • 80 гр брусница
  • 50 гр лешници
  • 50 гр бела чоколада стопена
  • 50 гр сечкана црна чоколада
  • 50 гр сечкана бела чоколада
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица какао
  • 50 гр суво грозје натопено со чашка рум
  • чоколадни трошки и бадеми во лист за украсување

Подготовка

Преубави беа бомбициве, не дека јас ги фалам, туку такви комплименти добија од секој што ги проба. Морав да го запишам рецептот и конечно еве го пред вас, го споделувам. Поздрав до сите кои имаа трпение да ги напишам и објавам.

1. Во сувото грозје, малку насечкано, ставаме чашка рум, за да го ароматизираме.
2. Шеќерот и путерот убаво, пенасто, ги матиме со миксер.
3. Бисквитите и лешниците ги мелеме во сечко. Брусницата, црната и белата чоколада ги сечкаме на мали парченца.
4. Додаваме мед и какао и сите состојки ги соединуваме.
5. 50 гр од белата чоколада топиме на тивко и ја додаваме во смесата. Формираме бомбици. Ги украсуваме со чоколадни трошки и бадем листови.

Ако смесата ви е сува додадете некоја лажица млеко или сок. Сум пробала и не го менува вкусот на бомбиците.