Боемска торта
Се загрева рерната на 180 Ц
На дното на три округли плехчина со пречник 22 цм се става хартија за печење. Не се масти.
Белките се матат додека да се направи мек снег, а потоа непрестано матејки се додава една по една лажица шеќер и се мати додека целиот шеќер не се стопи, а снегот од белки не стане многу густ, мазен и сјаен. Се распоредува во трите плехчина, се рамни површината и се пече 20-30 мин во загреаната рерна. Се остават корите потполно да се оладат.
За првиот фил жолчките се матат со малку од млекото и со густинот да нема грутчина. Се загрева млекото со шеќерот и ванилин шеќер до вриење. Се истураат во зовриеното млеко изматените жолчки непрестано мешајки и се вари на тивок оган да се згусти. Се трга од оган и се додава путерот на собна температура мешајки со жица за матење. Врз горната површина на кремот се лепи транспарентна фолија, (Фолијата треба да се залепи за кремот) и така се остава да се излади за да не се направи коричка.
За вториот фил се матат на пареа жолчките и прав шеќерот додека не се згусти. Се додава чоколадото искршено на коцкички и се меша да се стопи. Се остава на страна да се олади. Путерот се мати да стане пенест, се додава во него ладниот чоколаден крем и се мати да се изедначи.
На подлогата за торта се става првата кора. Околу неа се поставува метален обрач. Ова може и да не го направите, ама ванила кремот е прилично мек, така да овој чекор го олеснува редењето на тортата. Врз првата кора се нанесува половина од ванила кремот, а врз него скоро половина од чоколадниот крем. Се става втората кора и повторно се премачкува со двата фила по истиот редослед. Одозгора се става последната кора и се остава тортата во фрижидер неколку часа. Се вади обрачот, одоколу се премачкува тортата со малку од чоколадниот фил.
За глазура се загрева слатката павлака скоро до вриење. Во еден мал сад се крши чоколадото на ситни парченца, врз него се истура врелата слатка павлака. Се остава да постои 1 мин, па се меша додека не се добие мазна глазура.
Се прелева тортата, ако сакате дополнително се украсува.
Најдобро е да отстои до наредниот ден.
Некои забелешки - Лажиците густин нека ви бидат навистина преполни за да не испадне ванила кремот многу мек. Тортата сечете ја со многу остар, тенок, жежок нож за да ви испадне убаво парче. По мене поубаво е кога се печи во квадратно плехче и се сечи на коцки, ама јас имам само едно во потребната димензија, а немав време да печам на три пати.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола
Лиценца: Сите права се задржани
Samo da znaes, Kozunakot tvoj pak go pravam, ke patuva utre kaj vnuk mi vo Cirih, se nadevam deteto na vujna ke bidi zadovolno :))
Tokmu vremeplovka Lile :))))
Stilot na slikanje i da sakam ne mozam da go promenam, a i so mestoto sum po malku ogranicena, taka da pretpostavuvam deka site po malku licat edna na druga, ama toa e. Sepak, za mene uzivanjeto dodeka gotvam e primarno, slikanjeto na hrana nekako se nametna kako potreba.....
Fala vi za site cestitki i pofalbi za receptot :)))
Izgleda site sakame ponekogas da se potsetime na nesto ubavo od minatoto :))
рецептот запишан па првата прилика ја правам ,
фала за споделениот рецепт и преубавите слики :)))))))))
Лили ја пројдовме годишницата со твојава торта :)))) ништо од викендот.
Утре добивате слики,среда е,постиме,така да никој нема да ја чепне па ќе можам да ја сликнам.А денес во целиот хаос заборавив да ја сликам цела,ама ај.
Поздрав
Fala ti mnogu, jas seuste mislam deka vikend bese podobra opcija, ama ke se naucis :))))) Ne se opteretuvaj mnogu so slikite, toa sto pogore mi go napisa za mene e poveke od dovolno :))))
Сликите ги имам,ама со оваа префрлањето на друга платформа,деновиве некако се во хаос,па чекам да се средат и јас да постирам нешто ново,да ви дадам инспирација...иако мојата колекција на рецепти е прилично скромна :)
Поздрав,па кога ќе стават копче за слики ќе ги видите
Конечно стигна копчево :)
I mnogu fala :))))
Уште ми е жал што не ја сликнав твојата од кроасани торта
ајде во некоја друга прилика
Fala vi :)