Боемска торта
Состојки
- За кори
- 10 белки
- 260 гр шеќер
- 250 гр печени мелени лешници
- 15 гр (1 лажица) какао
- За прв фил
- 1/2 л млеко
- 250 гр шеќер + 1 кесичка ванилин шеќер
- 6 жолчки
- 2 преполни лажици густин
- 50 гр путер на собна температура
- За втор фил
- 6 жолчки
- 250 гр шеќер во прав
- 100 гр чоколадо
- 200 гр путер на собна температура
- За глазура
- 150 гр чоколадо
- 150 гр слатка павлака
Подготовка
Се загрева рерната на 180 Ц
На дното на три округли плехчина со пречник 22 цм се става хартија за печење. Не се масти.
Белките се матат додека да се направи мек снег, а потоа непрестано матејки се додава една по една лажица шеќер и се мати додека целиот шеќер не се стопи, а снегот од белки не стане многу густ, мазен и сјаен. Се распоредува во трите плехчина, се рамни површината и се пече 20-30 мин во загреаната рерна. Се остават корите потполно да се оладат.
За првиот фил жолчките се матат со малку од млекото и со густинот да нема грутчина. Се загрева млекото со шеќерот и ванилин шеќер до вриење. Се истураат во зовриеното млеко изматените жолчки непрестано мешајки и се вари на тивок оган да се згусти. Се трга од оган и се додава путерот на собна температура мешајки со жица за матење. Врз горната површина на кремот се лепи транспарентна фолија, (Фолијата треба да се залепи за кремот) и така се остава да се излади за да не се направи коричка.
За вториот фил се матат на пареа жолчките и прав шеќерот додека не се згусти. Се додава чоколадото искршено на коцкички и се меша да се стопи. Се остава на страна да се олади. Путерот се мати да стане пенест, се додава во него ладниот чоколаден крем и се мати да се изедначи.
На подлогата за торта се става првата кора. Околу неа се поставува метален обрач. Ова може и да не го направите, ама ванила кремот е прилично мек, така да овој чекор го олеснува редењето на тортата. Врз првата кора се нанесува половина од ванила кремот, а врз него скоро половина од чоколадниот крем. Се става втората кора и повторно се премачкува со двата фила по истиот редослед. Одозгора се става последната кора и се остава тортата во фрижидер неколку часа. Се вади обрачот, одоколу се премачкува тортата со малку од чоколадниот фил.
За глазура се загрева слатката павлака скоро до вриење. Во еден мал сад се крши чоколадото на ситни парченца, врз него се истура врелата слатка павлака. Се остава да постои 1 мин, па се меша додека не се добие мазна глазура.
Се прелева тортата, ако сакате дополнително се украсува.
Најдобро е да отстои до наредниот ден.
Некои забелешки - Лажиците густин нека ви бидат навистина преполни за да не испадне ванила кремот многу мек. Тортата сечете ја со многу остар, тенок, жежок нож за да ви испадне убаво парче. По мене поубаво е кога се печи во квадратно плехче и се сечи на коцки, ама јас имам само едно во потребната димензија, а немав време да печам на три пати.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола