Белини десерт
Имав сеуште Панетоне во замрзнувачот кое требаше да го потрошам, ама сосема комотно може овој десерт да се подготви со козињак исечен на коцки. Па ако ви преостани за празникот, еве една идеја за десерт.
Содржината на лименката со компот истурете ја во еден сад, додајте ги ванилата и циметот и оставете да отстои.
Во еден средно голем сад ставете ги жолчките и двата вида шеќер, па изматете да добиете густа и светла пена. Додајте го виното, добро измешајте и варете на пареа или на сосема тивок оган додека не добиете крем доволно густ да ја обложува задната страна на лажица внимавајки да не зоврие и да не се згрудат жолчките. Веднаш процедете го кремот во друг сад и оставете го сосем да се олади.
Слатката павлака цврсто изматете ја, па помешајте ја внимателно со изладениот крем.
Праските извадете ги од сирупот и исечете ги на тенки резанки. Сирупот зачувајте го.
Ви требаат 6 чаши за сервирање на десертот.
На дното на секоја ставете 2 - 3 лажици крем. Додајте неколку коцки Панетоне, прелијте ги со 2 - 3 лажици сируп, ставете дел од резанките праски и повторно прелијте со крем. Повторете уште еднаш, така да на крај во чашата има три реда крем и по два реда коцки Панетоне и резанки праски.
Слатката павлака изметете ја не премногу цврсто, па ставете одозгора на секоја чаша по 1 - 2 лажици.
Оставете во фрижидер најмалку 2 часа, за добро да се соединат состојките и вкусовите. Всушност, најдобар е десертот следниот ден.
Непосредно пред послужување посипете со малку потпечени бадеми.
Лиценца: Сите права се задржани
Ах,тии.......
Lile, nie inaku se dogovorivme :)))))
Ljubica, receptot za Panetone ke go dolzam.... A ako se odi kako treba, sega za Veligden Italijanska Colomba ke bidi :))
Slikite ne ja dolovuvaat vistinskata ubavina na desertot... Trebase poubavo da slikam, ama ne mi odese, za zal....
Fala vi na site :)
ни правиш пак нешто, пак со состојки кои ги немаме по дома, а една од тие состојки можеме да си ја направиме по дома (најверојатно), ама ти не ни кажуваш како. уште еднаш вака и ќе собирам потписи да те избркаат :) :) :) :)
за фотографијата немам зборови, а вкусот не можам ни да го претпоставам бидејки појма немам што е панетоне ;)
:************************
Ete, za Colomba ke napisam, vo eden den se pravi, dobro i eden den ladenje :))))))
Sneska, :-h :))