Имав сеуште Панетоне во замрзнувачот кое требаше да го потрошам, ама сосема комотно може овој десерт да се подготви со козињак исечен на коцки. Па ако ви преостани за празникот, еве една идеја за десерт.
Содржината на лименката со компот истурете ја во еден сад, додајте ги ванилата и циметот и оставете да отстои.
Во еден средно голем сад ставете ги жолчките и двата вида шеќер, па изматете да добиете густа и светла пена. Додајте го виното, добро измешајте и варете на пареа или на сосема тивок оган додека не добиете крем доволно густ да ја обложува задната страна на лажица внимавајки да не зоврие и да не се згрудат жолчките. Веднаш процедете го кремот во друг сад и оставете го сосем да се олади.
Слатката павлака цврсто изматете ја, па помешајте ја внимателно со изладениот крем.
Праските извадете ги од сирупот и исечете ги на тенки резанки. Сирупот зачувајте го.
Ви требаат 6 чаши за сервирање на десертот.
На дното на секоја ставете 2 - 3 лажици крем. Додајте неколку коцки Панетоне, прелијте ги со 2 - 3 лажици сируп, ставете дел од резанките праски и повторно прелијте со крем. Повторете уште еднаш, така да на крај во чашата има три реда крем и по два реда коцки Панетоне и резанки праски.
Слатката павлака изметете ја не премногу цврсто, па ставете одозгора на секоја чаша по 1 - 2 лажици.

Оставете во фрижидер најмалку 2 часа, за добро да се соединат состојките и вкусовите. Всушност, најдобар е десертот следниот ден.

Непосредно пред послужување посипете со малку потпечени бадеми.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани