Бела торта (1700 јубилеен рецепт)
Драги мои пријатели ова е мојот 1700 рецепт
Поздрав и благодарност за сите оние кои свратиле во мојата кујна, да прочитаат, погледнат, подготват и споделат од моите рецепти.
Благодарност и до целиот тим на Мои Рецепти.
Кога подготвувам јубилеен рецепт сум посебно емотивна. Имам измешани чувства- радост, среќа, возбуда, спомени на кујната на мајка ми... Во главата имав неколку опции за јубилеен рецепт, но повторно подготвив рецепт од кујната на мајка ми. Овој рецепт е стар 40 години и морам да кажам дека ми буди убави спомени. Таа беше дел од богата трпеза за мојата веридба. Ееееее кога беше тоа...
А утре повторно ќе следува и друга торта, која беше планирана за јубилејна.
Начин на подготовка.
1. Прво неколку реченици за подготовката.
-Јајцата треба да бидат на собна температура.
-Садот во кој ќе ја матиме белката, за секоја кора треба да биде чист и сув.
-Перките на миксерот за секоја кора треба да бидат чисти и суви.
-Калапот каде ќе ги печеме корите, треба да е потполно чист за секоја наредна кора.
Напоменувам, дека исклучиво се користи шлаг пена(бела) а не слатка павлака. Во тоа време и ја немаше.
Исто така, ќе ви треба трпение за да ја подготвите,
Пожелно е да се сече после 6 часа, од причина што корите ќе омекнат и тортата ќе биде многу сочна.
Јас корите ги печев во калап бр 20.
Ако ви треба поголема торта, печете ги корите во калап 24 и дуплирајте ги состојките.
2. Значи корите ги печеме една по една.
Во сад ставаме една белка, матиме со миксер, додаваме 2 лажици шеќер и матиме повторно. Со исклучен миксер додаваме ½ лажица брашно и 50 гр мелени ореви. Со шпатула мешаме за да се соедини содржината. Смесата ја нанесуваме во калап во кој има поставено хартија за печење. Печеме околу 10 минути на 180 с. Кога по рабовите кората ќе добие кафена боја- готова е. Внимавајте корите да не останат влажни, или да бидат препечени. Подготовката е иста за сите 6 кори. Откако ќе ги испечете сите, оставете ги да се изладат,
3. Во сад за матење ги ставаме четирите ќесички шлаг пена и ладното млеко. Матиме до згуснување.
На чинија за торта ја ставаме првата кора, па нанесуваме шлаг и израмнуваме. Постапката ја повторуваме со сите кори.
Ја матиме посебно во чист сад петата шлаг пена со млеко и ја покриваме цела торта.
Нанесуваме ненападна , нежна декорација.
Ја покриваме со капак од звоно, за да не се суши шлагот, додека тортата чека дегустација
Жолчките кои остануваат при подготовката на тортава, задолжително ги користам за подготовка на мојот омилен Грилаж, рецепт има на странава.
Среќни празници на сите вас, останете во добро здравје и чувајте се.
Лиценца: Сите права се задржани
Sekoe dobro za tebe i tvoeto semejstvo
Pozdrav
Pozz i za tebe
Браво за огромниот број на споделени рецепти, тортата прекрасна, бела, како што доликува на оваа новогодишна атмосфера. Те гушкам и поздравувам до следниот јубилеј кој не се сомневам дека многу долго ќе го чекаме :*
Se nadevam vo dobro zdravje ostanuvame tuka site da spodeluvame, da Se nadopolnuvame, da Se druzime...
Topol Pozz i za tebe
Потоа честитки за овој 1700 јубилеен рецепт...тортата е преубава, нежна, верувам и вкусна :)
Плус кога на тоа ќе се додадат спомените кои се поврзани токму со оваа торта...сите тие работи кажуваат дека заслужувате голем респект...
Честитки од срце, поздрав и секое добро.
Fala od ❤️
Goolem Pozz
Srecni praznici i sekoe dobro za tebe i tvoeto semejstvo
Srecni praznici i za tebe
Odime zaedno ponatamu
Пред само неколку месеци славевме јубилеј од 1600 рецепти, а еве веќе ја стигнавме и бројката од 1700.
Тие што се подолго време дел од нашето семејство можат да ги разберат неописливите емоции кои се взаемни кај сите нас при вашите јубилеи.
А тоа е и наша голема радост, посебно кога станува збор за оваква импресивна бројка, мноштво од вкусни задоволства кои се инспирација за многу трпези насекаде низ нашата држава.
Ти благодариме за твоите 1700 рецепти и ти подаруваме Делимано 18 во 1 Мултикукер- мултинаменски апарат за готвење.
Честитки!
Тимот на МоиРецепти
Srecna sum sto sekojdnevno,7 godini sum na stranava, bilo so recept, bilo so komentar, bilo so citanje na receptite na drugite clenki
Ubav podarok mi podarivte, koj ke bide upotreben vo mojata mala, no topla kujna.
So nadez deka prodolzuvame zaedno tuka, da spodeluvame recepti, da se druzime, da i dademe na stranava uste poubav sjaj, toplo Ve pozdravuvam vas i site clenki ovde.
Не се стасуваш со рецептиве, браво за тебе. Се прашувам колку време минеш во кујната ))))
Нека се множат рецептите,нека се множи дружбата.
Среќни празници.
Pa da ti kazam pravo, najmalku po 3 casa uzivam vo kujnata, a za vikend zaglavuvam i po cel den, haha
Toa me ispolnuva premnogu
Srecni praznici i za tebe
Pozz od Mk
Нема многу да пишувам и да се расфрлам со зборови зошто ти си знаеш кое добро ти го мислам јас! Тортата со спомените во пишаниот рецепт се бесценети! Си направила одличен избор! Ти честитам за прекрасниот подарок, со здравје да се служиш!
Mnogu dobro znaes ti kolku ljubov.trud.vreme e vlozeno za da se dostigne ovaa brojka
Fala na cestitkite
Topol pozdrav za tebe
Ubavo e
Jas od tuka ne mrdam, ubavo mi e da pisuvam, da citam, da ucam, da razgovaram, da komentaram...
Ovaaa strana ne sploti gotvaci od cela Mk, a samoto toa znaci deka sme veke golemo semejstvo
Pozdrav za tebe i imajte i vie Srecni i ubavi praznici
Veruvaj, uzivav vo sekoe zalace
Meraciiii e
I sekoj pat povtorno i povtorno me osvojuva
Srecni praznici i za tebe i tvoeto semejstvo
Pozz, moja prijatelke od Negotino
Тортаат е многу убава!
Se nadevam deka druzbata prodilzuva
Pozzz
Поубава торта проткаена со вистински, најубави некогашни чувства, не си можела да одбериш. Заслужено место за ретро рецепт за грандиозниов јубилеен белег.
Честитки од срце, многу здравје да си имаш уште многу години, па да ни даруваш прекрасни рецепти.
Честитки за подарокот, секое добро ти посакувам :)
Milo Mi e sto mi ja pocustvuva dusava, kako Mi e..
Ete, taka me vodat emociiteee... Koga imam jubilej
Vo Glavata Mi bese Bomba torta, klasicna, isto star recept, mozebi i poveke od 40 godini, bese aktuelen na mojata polumatura,
Pa Belata torta, so suceni 40 domasni kori.... I uste nekoi torti
No ovaaa bas ja obozavam
Ja podgotviv po orginalniot recept od tefterot na majka mi
Secer vo slagot nema, taka da e mnogu lesna i vkusna
Ti posakuvam i tebe pred se zdravje, pa radosti so tvoite najmili
Pozz
Еве слика на тортава, од мојата веридба, 1991 година
Drugi vreminja bea tie
No, jas maksimalno Se trudam da ja zadrzam tradicijata.
Vekot dojde,
gosti idat, naracaj rucek, vecera od restoran
Veselbi-ketering
Rodenden - slatkarnica
Dodeka disam, se nadevam deka Se ke bide podgotveno od moite race, za ubavi povodi samo, daj Boze
Toa e moeto moto
Pozz
Ти посакувам уште многу многу рецепти и уште многу години дружба на МР
Ljubovta, trudot, vremeto..... Go napravija svoeto I dostignav do impresivna brojka od 1700 sraboteni recepti
Ti posakuvam se najubavo i tebe
Ti blagodaram
Pozdrav od Mk
Непресушлив избор на рецепти, Кате, секоја чест!Што да кажам, 'се е кажано, само добро здравје ти посакувам и да се нижат прекрасните рецепти!
Со здравје да се користи подарокот :-)
Sekoe dobro za tebe i tvoeto semejstvo
Pozdrav, cuvajte se