Бела ледена коцка
Белките ги делиме од жолчките. Белките ги биеме со брашното, пецивото, 7 лажици шеќер и паниспањата ја истураме во намрсено долго тавче бр.40
Ја печиме на 180 степени околу 30 мин.
Кога ќе се испечи дури е уште млака ја натураме со млако млеко (од 1200 мл.одделуваме 300мл) и во млекото додаваме 100гр.шеќер.
За филот најпрво ги биеме жолчките на пареа и ги додаваме во 900мл.млеко и 150гр.шеќер и вариме на тивок оган, ги додаваме пудинзите и вариме дури не ја добиеме потребната густина.
Го тргаме филот настрана и кога ке се излади го биеме со 250гр.маргарин.
Ја филоваме пандиспањата и над филот ги мачкаме 2 шлаг крема од ванила направена според упатството на кесичката.
Ако сакате на тавчето пред да ја истурите паниспањата за печење ставете кршени оревчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови