Лична, празнична, мека погача е мојот денешен предлог за вашата празнична трпеза.
И покрај тоа што маргаринот ми е исфрлен од употреба, во вакви случаи, за посни рецепти го користам.

Подготовка:

1. Во топлата вода ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, масло, маргарин. Се промешува и постепено се додава брашно. Се замесува средно меко тесто. Се покрива и се остава на топло да се дуплира.
3. Потоа, од стасаното тесто се прават 6 мали топчиња и 2 поголеми топки. Од првата поголема топка сучиме долга, правоаголна кора. Тенко ја премачкуваме со растопен маргарин. Ја виткаме во ролат. Од втората топка исто сучиме правоаголна кора. Во средината на кората го поставуваме подготвениот ролат. Од страните правиме засеци, широки од прилика по 1-2 см. Тие засеци ги внесуваме внатре, врз ролатот, одиме лев, десен засек, лев, десен.
4. Вака формирана трака внимателно ја пренесуваме во тава бр 26 која е обложена со хартија за печење. Сега во средината ставаме 5 топчиња. Од останатото 6 топче формираме дополнителни украси на погачата. Ја покриваме и оставаме на топло 30 минути. Потоа ја премачкуваме со растопен маргарин. Нежно ја декорираме со чурек.
5. Ја печиме во загреана рерна околу 30 минути. Испечена ја покриваме со чиста кујнска крпа, да отстои десетина минути, па ја поставуваме на кујнска решетка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани