Подготовка:

1. Во топлата вода ставаме лажиче брашно, шеќер и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат квасецот, солта и маслото. Постепено додаваме брашно и замесуваме меко тесто. Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме на топло да се дуплира.
3. Стасаното тесто го делиме на 5 топчиња. Едното топче го поставуваме во средината на тава бр 24, која е танко премачкана со растопен маргарин. Расплесканото топче се премачкува со растопен маргарин, се наросува чурек и се става мрежичка од тесто. Од 2 топчиња се сучат правоаголни корички кои ги премачкуваме со растопен маргарин. Ги виткаме како ролатчиња. Другите две топчиња ги сучиме исто во правоаголни корички. Во средината на коричката го поставуваме ролатчето, правиме засеци.
Ги внесуваме лев, десен засек во средината. Вака подготвено го ставаме во тавата. Постапката е иста со другата коричка. И неа ја ставаме во тавата. Премачкуваме со растопен маргарин одозгора. Ја покриваме тавата со чиста крпа и оставаме на топло 30 минути.
4. Печиме во загреана рерна околу 30 минути. Испечената погача ја премачкуваме танко со растопен маргарин. Ја оставаме на решетка да се излади. Секако за бадниковата вечера ставаме паричка во фолија и ја сместуваме негде во тестото да се испечи погачата, па да се крши на членовите на семејството.
За мн години празникот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани