Бадникова пита со хељдини кори
Брза, вкусна, посна пита
Прво се спрема кашичката за премачкување на корите. Се остава на страна.
Сега на загреано масло се пропржува сецканата зелка од расол околу 45 минути.
Се додава и сецканиот праз па се пржат уште 10 минути.
Се додава леленото семе и сол и бибер по вкус.
Во правоаголна тава се става една кора, со четка се премачкува со смесата за премачкување и обилно се става од филот.
Постапката е иста до крај да се истроши целиот материјал.
сега питата се сече на коцки, се прелева со остаток од смесата за премачкување, се наросува со сусам и се печи околу 40 минути на 180 степени.
Уште сува лута потпечена пиперка и може да се јаде, ха, ха
Лиценца: Сите права се задржани