Декоративни, кревки, вкусни колачиња-полжавчиња
Најпрво се спрема филот.
Во касерола се ставаат млекото, шеќерот и мелениот афион на тивок оган и се варат 5-6 минути, односно смесата да се згусни.
Сега од сите горе наведени состојки се замесува тесто, кое не смее да лепи на рацете. Можеби ќе треба уште 10-20 гр брашно. Сами проценете.
Се дели тестото на 2 дела.
Од секој дел се сучи коричка со дебелина од 4-5 мм .
Филот се дели на 2 дела.
Секоја кора се филува со половина од филот.
Внимателно се витка ролат.
Така се постапува и со другата половина на тесто и фил.
Ролатите се ставаат на послужавник и се оставаат 20 минути во замрзнувач.
Потоа со остар нож се сечат парчиња, отприлика дебели по 1 цм и се редат во плех.
Се печат 20 минути на 180 степени.
Напомена - во рецептот нема пециво, да не мислите сум заборавила

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани