
Афион полжавчиња
Декоративни, кревки, вкусни колачиња-полжавчиња
 Најпрво се спрема филот.
 Во касерола се ставаат млекото, шеќерот и мелениот афион на тивок оган и се варат 5-6 минути, односно смесата да се згусни.
 Сега од сите горе наведени состојки се замесува тесто, кое не смее да лепи на рацете. Можеби ќе треба уште 10-20 гр брашно. Сами проценете.
 Се дели тестото на 2 дела.
 Од секој дел се сучи коричка со дебелина од 4-5 мм .
 Филот се дели на 2 дела.
 Секоја кора се филува со половина од филот.
 Внимателно се витка ролат.
 Така се постапува и со другата половина на тесто и фил.
 Ролатите се ставаат на послужавник и се оставаат 20 минути во замрзнувач.
 Потоа со остар нож се сечат парчиња, отприлика дебели по 1 цм и се редат во плех.
 Се печат 20 минути на 180 степени.
 Напомена - во рецептот нема пециво, да не мислите сум заборавила
Лиценца: Сите права се задржани

























Ги видов вчера уште и мислев дека сум ти искоментирала ама....не знам што се случило...како и да е, како ги стокми бе сите идентитични, преубави се, а за вкусот не се сомневам:)