
Ароматична палента
Подготовка
 - Во зовриената вода додадете го маслиновиот зејтин и сувиот зеленчук. Потргнете ја касеролата од огнот, исипете ја палентата постојано бркајки.
 - Додадете го пармезанот, босилекот, магданосот - добро промешајте и вратете на огнот - варете уште 2-3 минути.
 - Топлата палента исипете ја во округла модла со размер 28, оставете да олади.
 Додека се лади вие спремете го сосот така што ќе ги измешате во сад сите наведени состојки.
 - Оладена палентата истресете ја на даска, исечете на парчиња,
 - Во тавата загрејте го путерот, пропржете од сите страни и сервирајте топла заедно со сосот.
 Се служи со зелена салата. 
 Напомена
 -Кој не сака босилек, нека го изостави
 -Ако нема пармезан, прекрасна замена е било кое топено сирење.
 Додатно можете да ја посипете со зачинки кои вие ги сакате,  јас додавам власец и мајоран.
Лиценца: Сите права се задржани























иди види си ги планинскиве внуци. ставив слики во коментари кај ѕвездестите крекери и шеќерните колачиња :)
A ti idi pak i vidi si go madjunot od gorzjeto... Pozdrav za drugar mi koj pozdrav e so preporaka... da si mi te cuva, gali, mazi i pazi.... kako tebe nema drug....