Доволно состојки за две порции.

Подготовка:

1. Во загреана вода ставаме путер, зачини, сол, бибер и додаваме палента.
2. Вариме на тивок оган се додека не се згусне.
3. Топлата палента ја истураме во декоративен сад, кој претходно сме го премачкале со масло или сме го исплакнале со студена вода.
4. Ја ставаме зачинетата палента да се лади и да се стегне.
5. На загреано маслиново масло ги пржиме листовите шампињони, а пред крај додаваме младо сецкано кромитче. Пржиме уште многу кратко. По желба зачинуваме.
6. Ја превртуваме палентата на чинија, одозгора ги ставаме топлите шампињони и завршуваме со коцки фета сирење.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани